Карате репрезентацијата патува на Европското првенство во Нови Сад да ја продолжи традицијата

Maкедонската карате репрезентација вечерва заминува на 53. Европски шампионат во Нови Сад, Србија, на кој учествуваат 532 натпреварувачи од 52 земји, што е рекорден број држави на континентални шампионати.

Македонија ќе настапи и во борби и во кати со следните каратисти:

Кумите – мажи: Емил Павлов (-60 кг), Ненад Келебиќ (-67 кг), Азиз Исмаил (-75 кг), Берат Јакупи (-84 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг);

Кумите – жени: Дра­га­на Ман­гов­ска (-50 кг), Си­мо­на За­бор­ска (-55 кг), Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска (-61 кг) и Ан­ге­ла Мој­сов­ска (+68 кг);

Екипно – мажи: Емил Пав­лов Бе­рат, Ја­куп, Жар­ко Ар­сов­ски, Азиз Ис­ма­ил, До­ан Ос­ма­ни, Мар­тин Не­сто­ров­ски и Ви­ктор Кр­стев­ски;

Екипно – жени: На­та­ша Сте­фа­нов­ска, Мо­ни­ка Сте­фа­нов­ска, Ве­ро­ни­ка Ко­стов­ска и Ан­ге­ла Мој­сов­ска;

Кати поединечно: Фе­ри Исиќ и По­ли­ксе­ни­ја Јо­ва­но­ска.

Во нашата репрезентација се оптимисти и веруваат дека ќе се вратат со медал од Нови Сад. Исто така и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, како и стручниот штаб на репрезентацијата, предводена од Стојан Андриевски и Сашко Арсовски веруваат во успех.

Каевски се повикува на традицијата.

„Македонија во изминатава деценија е редовен освојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година се закитивме и со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт. Моите очекувања за настапот во Нови Сад се оправдани ако кажам дека ќе се вратат со освоена медалја, ако се знае дека Емил Павлов, досега освои 2 европски медали од кои еден златен 2014 и бронзен во 2016 година, Берат Јакупи освои две медалји, сребрен во 2017 и бронзен во 2013 година, Жарко Арсовски беше бронзен на светското првенство 2010 година додека Мартин Несторовски беше бронзен во 2015 година“ , рече Каевски посакувајќи и успешен настап на нашите каратисти..

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON