Македонската карате репрезентација во борби ја темпира формата за Европското првенство во Ереван, Ерменија, што ќе се одржи од 7 до 11 мај, во Дарувар, Хрватска, заедно со селекциите на Хрватска и на Словенија од 23 до 27 април во спа комплексот Даруварске топлице.
Нашите каратисти ќе се обидат и оваа година да го продолжат континуитетот на освојување на медали од големите натпреварувања.
Да потсетиме, лани Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство во Задар, Хрватска.
„Иако ќе биде тешко, и овој пат ќе се оди оптимистички со веќе докажани и нови момци и девојки кои се наметнуваат и треба овие години да бидат костурот на репрезентацијата, истакнуваат од КФМ .
Боите на Македонија во борби на ЕП ќе ги бранат:
-50 кг Михаела Мишовска
-55 кг Симона Заборска
-61 кг Вероника Костовска
-68 кг Ангела Мојсовска
+68 кг Ердона Зибери
-60 кг Фаик Весели
-67 кг Матеј Белистојаноски
-75 кг Мурсел Месини
-84 кг Петар Спасеновски
+84 кг Стефан Стојановиќ