Македoнската карате репрезентацијата денес отпатува на Европското сениориско првенство кое се одржува во Газиантеп, Турција, од утре до 29 мај.
Репрезентацијата е во состав: -60 кг Фахик Весели, -67 кг Давид Петков, – 75 кг Глигор Хаџикимов, – 84 кг Петар Спасеновски и +84 кг Берат Јакупи во борби во машка конкуренција;
-50 кг Сара Радичевска, -55 кг Марија Милевска, -61 кг Вероника Костовска и -68 кг Ангела Мојсовска во женска;
за борби екипно пријавени се – Емил Павлов, Петар Заборски, Доан Османи, Хаџикимов, Весели, Јакупи и Спасеновски во машка конкуренција, а кај жените Костовска, Радичевска, Ангеловска и Милева.
Во кати поединечно ќе не претставуваат Пуликсенија Јованоска и Кристијан Бајовски, а во кати екипно Христијан Андриќ, Давид Спасовски и Александар Спасовски кај мажите.
На Европското првенство ќе настапат 510 натпреварувачи од 45 држави.