Со последниот тренинг на сениорската карате репрезентација на Македонија во Скопје завршија подготовките за Светскиот куп во Памплона, Шпанија, од 22 до 24 ноември, на кој настапуваат 20-те најдобри кумите тимови.
За репрезентацијата на Македонија ќе настапат: Берат Јакупи, Емил Павлов, Петар Спасеновски, Данило Божовиќ, Стефан Стојановиќ, Матеј Белистојановски, Љупче Михајлов и Мурсел Мисини.
На СК ќе настапи и машкиот ката тим (Димовски, Поптодоров и Стојаноски)
„Атмосферата за време на тренинзите беше исклучително позитивна. Натпреварувачите изразија задоволство од интензитетот на подготовките и од хармонијата во екипата, влегувајќи во ова натпреварување со високи амбиции за постигнување успех на ваков значаен спортски настан“, се вели во објавта на страницата на Фејсбук на Карате федерацијата на Македонија и, посочуваат:
„Завршните подготовки ги водеше селекторот Александар Кузмановски кој изрази оптимизам за настапот на тимот во Памплона“.
Репрезентацијата треба да отпатува за Шпанија задутре.
На Светскиот куп ќе настапат 43 репрезентации со 388 каратисти, односно 80 натпреварувачки влезови во машка и женска конкуренција во кумите и кати.
Фото: Фејсбук КФМ