Карате мајсторите Јакомичи и Нишики одржаа тренинг и демонстрација во Скопје и имаа прием во МОК и АСМ

Japonci vo ASM 2

Со посредство на амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Р. Македонија) денеска и утре во Скопје се карате мајсторите Масааки Јокомичи (шотокан 6 дан) и Кен Нишики (шотокан 5 дан).

Јакомичи е во бордот на Токио за карате, а Нишки во бордот за судии. Јакомичи е поранешен шампион на Јапонија и човек кој соработувал со Стивен Сигал, но и со вистинскиот карате мајстор Мијаги од познатиот филм „Карате кид“.

Тие денес имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, а јапонска делегација беше предводена од вториот секретар на амбасадата на Јапонија во Виена, г-нот Тцујоши Кавахара и Јакомичи и Нишики. Посетата на нашата држава е резултат на одличната соработка на Карате федерацијата на Македонија со претставници и вистински репрезенти на овој спорт на Јапонија.

„Посетата на карате експертите од татковината на каратето е исклучително важна и доаѓа во време кога Јапонија, како држава која ќе ги организира летните Олимписки игри во Токио, неодамна се определи да го предложи освој спорт да биде дел од програмата на ЛОИ во 2020 година. Истовремено, тоа е признание и за Карате федерацијата на Македонија и продолжение на соработката која трае повеќе од една деценија“, истакнаа во АСМ.

Japonci vo ASM

Делегацијата од Јапонија имаше прием и во Македонскиот олимписки комитет.

За оваа цел, претходно е остварена средба од страна на претседателот на Стручниот совет на КФМ, Назим Куртовиќ, кој заедно со членот на Извршниот одбор, Горан Милковски, веќе имаше остварено средба и со претставници од јапонската амбасада во мај годинава.

Вечерва инструкторите од Јапонија одржаа мини демонстрација и тренинг во ОУ “Панче Арсовски“ во Скопје, каде што имаше околу 80-тина каратисти-репрезентативци, а утре претпладне е планирана демонстрација и предавање во ОУ “Гоце Делчев“ во Скопје. Слушатели и присутни на семинарите ќе бидат тренери, селектори и каратисти – членови на Македонската карате репрезентација.

Има голем интерес за гостувањето на јапонските инструктори, кои во Македонија ги промовираат јапонските вредности пред Олимписките игри во 2020 година. По демонстрациите и предвањата во нашата земја, утре ќе заминат за Косово“, вели на Стручниот совет на КФМ, Назим Куртовиќ, кој лично ги пречека на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Јапонската делегација треба да потпише договор за соработка со АСМ.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON