Карате факт: Половина југословенска репрезентација од Македонија! (ФОТО)

Ju reprezentcaija vo Svedska
Стојат од лево кон десно: Мирсолав Турчиновиќ, Иван Ивандиќ, Танас Танасовски, Богдан Муратовиќ, Додр и Назим Куртовиќ. Клечат од лево кон десно: каратист од Врање, Димче Кичевски, Мирче Опеловски, …. и Живко Тасевски.

Ова е дел од македонската карате историја за која многу од денешните каратисти и љубители на карате спортот не знаат.

Двомеч меѓу репрезентациите на Шведска и Југославија во 1982 година. Шведска во тоа време е светска велесила во каратето, предовдена од селекторот Тед Хеглонд од САД. Одржани се три двомеча во: Гетеборг, Малме и Стокхолм со по 10 натпреварувачи.

Југославија победува во трите меча, и тоа: 6-4 во Гетеборг, 7-3 во Мламе и 8-2 во Стокхолм.

Тоа се првите победи на Југославија против Шведска.

Во составот на Југославија од Македонија се: Танас Танасовски, Назим Куртовиќ, Димче Кичевски, Мирче Опеловски и Живко Тасевски.

И Богдан Муратовиќ е тогашен претседател на Карате сојузот на Македонија.

Тоа е Македонија во каратето!

Фотогрфаијата е од фототеката на шихан Живко Тасевски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON