Од 4 до 6 декември ќе се одржи Карате 1 Младинската лига во Венеција, Италија. Ова ќе биде прв настан на ВКФ по рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот.
„Поради сегашните околности, посебно поглавје е посветено на специфицирање на санитарните протоколи на Ковид-19 кои ќе бидат имплементирани на настанот. Специјално ќе бидат воведени посебни мерки за да се гарантира безбедноста и благосостојбата на сите учесници и членови на персоналот“, истакнуваат од ВКФ.
Карате 1-младинска лига Венеција е завршниот настан на сезоната на серијата меѓународни турнири за малолетни каратисти.