Карано е бесна на Инстаграм, затоа што и ја избриша уметничката фотографија

Светот е подобро место во последните неколку дена откако поранешната ММА воинка, Џина Карано, реши да објави фотографија на која е гола на својот профил на Инстаграм.

Тоа беше уметничка фотографија и инспирираше многу нејзини обожаватели ширум светот, но не и Ренцо Грејси.

Набргу потоа, Инстаграм ја избриша нејзината фотографија бидејќи се сметаше за несоодветна.

Ова веднаш предизвика реакција на Карано, која реши да се префрли на Твитер, и таму го изрази своето негодување.

„Значи, тоа е тоа да те цензурираат без причина. Фотографијата е преземена од Инстаграм. Има многу поважни вести денес, но таа постапка беше тотална простотија. Мојот пост целосно беше за слободата и секој да може слободно да се изрази. Не беа прекршени никакви правила. Иронично“, напиша Карано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON