Карамфиловски: Расте маи таи

chak sam

Тајландскиот бокс е млад спорт,  за информација ќе споменам дека првото светско првенство е оджржано 1993 година со околу 20 земји учеснички, но брзо се развива и шири, а во 2014 година  учествоуваа 128 змји. За да нема забуна и полесно да ги следите настаните на коишто учествува  Македонската маи таи федерација,  ќе ја објаснам структурата на светската поставеност на спортовите, асоцијациите и националните федерации.

  1. Главна организација во која членуваат сите светски спортови е SportAccord која постои од 1921 година (порано под името Ifs). SportAccord е на Унија  и за Олимписките и не-олимписки меѓународни спортски федерации, како и организаторите на меѓународни спортски настани.

Значи сите спортови се застапени во оваа Унија со нивните легитимни асоцијации, за тајландскиот бокс тоа е IFMA (International  Federation  of Muaythai  Amateur), за повеќе информации на http://www.sportaccord.com/en/members/

  1. IFMA (International Federation  of Muaythai  Amateur), е носечка организација во која членуваат сите национални федерации, или Единствено управно тело за амтерскиот тајландски бокс. Македонската маитТаи федерација е членка на IFMA,  повеќе информации на http://www.ifmamuaythai.org/members-directory/

  1. IFMA има свои ограноци на секој континент, во Европа тоа е EMF (European Muaythai Federation), секако Македонската маи таи федерација е активна членка, повеќе информации на http://www.euromuaythai.eu/members.html

Chak i ekkipa

Сега, полесно можеме да објасниме дека членовите на Македонската маи таи федерација настапуваат во турнирскиот систем и на државното првенство во земјава, а како национален тим  на европските првенства и европскиот куп, на светските првенства и светскиот куп.

Постојат и други форми на организирани натпревари од страна на IFMA, EMF и SportAccord, а тоа се SportAccord World Combat Games, Asian Beach Games, Kings Cup, TAFISA Games,  повеќе информации на http://www.ifmamuaythai.org/

За нашата Федерација од посебен интерес  е EML  (European  Muaythai  Legue) која се одржува регуларно секој месец,  а за резултатите излегува билтен  EMF Newsletter , за повеќе информации на  http://www.euromuaythai.eu/

 Горан Карамфиловски-Чак

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON