Сол Алварез е великодушно платен за освојувањето на ВБО титулата.
За третиот меч во договорот со ДАЗН вреден вкупно 365 милиони долари, мексиканската ѕвезда заработи 35 милиони.
36-годишниот Русин доби многу помала основна плата од 3 милиони долари, но се шпекулира дека на крајот би можел да заработи и до 12 милиони долари.
Канело го нокаутира Ковалев во 11-тата рунда од борбата во Лас Вегас.
Најплатен во воведниот дел од настанот беше Рајан Гарсија кој доби 250.000 долари за победата против Филипинецот Ромеро Дун (50.000 долари).