Боксерската суперѕвезда Сoл Алварез- Канело потпиша нов договор за два меча со Еди Херн и неговите промотери Мечрум бокс и ДАЗН.
„Апсолутна чест е да објавиме промотивен договор за неколку натпревари со кралот на категориите Канело Алварез. Канело оди подалеку од боксот и е најголемата ѕвезда во спортот, а со нетрпение очекуваме да промовираме некои историски вечери во живо во 2022 година на ДАЗН ППГ“, рече промоторот Еди Херн.
Тоа се очекува да бидат средбите со Дмитри Бивол и Генади Головкин.
За првиот меч Канело ќе се пресели во полутешка категорија, предизвикувајќи го Дмитри Бивол за светската титула на Светската боксерска асоцијација (ВБА). Таа во сопственост е на Русинот. Тој го освои во 2016 година и ја одбрани 10 пати, со што стана најдобар боксер во полутешка категорија.
Блокбастерот помеѓу Алварез и Бивол ќе се одржи на 7 мај и ќе биде достапен „во живо“ за претплатниците на ДАЗН ширум светот, освен во Латинска Америка и Мексико. Во САД и Канада, настанот ќе се нуди со ексклузивни права на ДАЗН Палти па гледај (ППГ).
„Многу сум задоволен од оваа борба против Дмитри Бивол. Ова е уште еден голем предизвик за мене и за мојата кариера – особено што ќе се соочам со извонреден шампион во полутешка категорија како Бивол. Исто така, многу сум возбуден што оваа битка е закажана за викендот Чино де Мајо (мексикански празник), 7 мај, за да можат сите фанови да уживаат. Ќе бидам подготвен како и секогаш“, изјави Канело.
„Отсекогаш сум сакал да се борам само со најдобрите! Верувам дека другите мои цели ќе почнат да се реализираат на 7 мај“, изјави Димитри Бивол.
Задоволство од судирот изрази и претседателот на „Светот на боксот/ World of bokxing“ – Андреј Рјабински. „Бивол против Канело, ова ќе биде многу интересна битка. Многу ми е драго што успеавме да го направиме овој судир, за Дмитриј ова е одлична шанса“.
„Ова ќе биде одлична боксерска вечер, во која двајца од најдобрите ќе се соочат за највисокото признание во спортот! Победникот на 7 мај ќе стане најголемото име во боксот во годините што доаѓаат“, додаде Вадим Корнилов, менаџер на Дмитри Бивол.
Вториот натпревар од зделката е закажан за септември. Алварез потоа ќе мора да се врати во категоријата до 76,2 килограми за да се соочи со шампионот во суперсредна категорија и негов поранешен противник Генади Головкин. Планираниот датум е 17 септември.
Во моментов Алварез има едно нерешно и една победа против казахстанскиот нокаутер Головкин. Во последниот настап во рингот, мексиканската суперѕвезда го победи Калеб Плант со технички нокаут во 11. рунда.