Канело: Ноакутот беше неизбежен

Канело Алварез (53-1-2, 36 КО) го нокаутира Сергеј Ковалев (34-4-1, 29 КО) во 11-тата рунда и ја освои титулата во полутешка категорија на ВБО.

Вели оти знаел дека тактиката на Русинот е да собира поени и да се обиде да победи со одлука на судиите. Ова можеше да се види и во мечот во кој Ковалев реши да задава брзи,но не многу моќни удари, за да го намали ризикот.

„Генералниот план беше трпеливост. Тоа беше главната работа – да имам трпеливост. Знаевме дека ќе ми треба време, пет или шест рунди да дојдам до него. Но, искрено сметам дека е голем борец. Јас сум нов за оваа тежина и во оваа категорија. Секоја чест, но се држевме до нашиот план. Се оствари малку подоцна, но беше успешен“.

„Борбата беше многу изедначена, затоа што тој беше многу дефанзивен, го затвораше гардот. Сè што се обидуваше да направи е да собере поени, но тоа го очекувавме. Нокаут неизбежно ќе дојдеше и сè се одвиваше како што очекувавме“.

29-годишниот Мексиканец со ова стана светски шампион во четири тежински категории, а ги држеи светските титули во три категории во исто време (средна, суперсредна  и полутешка категорија).

Тој рече дека е подготвен во иднина по трет пат да се бори против Генади Головкин, ако тоа го сака ДАЗН. Мали се шансите Канело да се врати во средна категорија, но Казахстанецот кој е шампион во средна категорија на ИБФ е подготвен да се качи на 76,2 килограми.

„Тоа ми претставува некаков предизвик. Веќе се боревме 24 рунди и го победив. За мене тоа навистина не е предизвик, но ако е профитабилна деловна зделка, зошто да не“?

Мексиканецот најверојатно следната борба ќе му биде на почетокот на мај следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON