Мексиканската боксерска суперѕвезда Канело Алварез на 30 септември се бори против Американецот Жармел Шарло, кој ќе ја има првата борба од јуни 2021 година кога со едногласна одлука го победи Хуан Масијас Монтиела.
За време на пресметката многумина беа изненадени од висинската разлика меѓу двајцата боксери. Имено, апсолутниот шампион во супервелтер категорија Жармел Шарло не се однесуваше како борец кој настапува две категории под Канело.
Шарло е седум сантиметри повисок од Канело, а со уште неколку килограми, кои треба да ги качи пред мечот, дефинитивно може да ги одмери силите со Мексиканецот.
Едно време љубителите на боксот беа возбудени поради можниот меч меѓу Канело и Теренс Крафорд, непоразениот шампион во полусредна категорија (три дивизии под Канело).
Но, таа борба најверојатно нема да се случи, како што потврди Канело.
„Крафорд е одличен борец и заслужува да биде меѓу првите двајца боксери на рангирањето П4П. Но, тешко ми е да се спуштам во пониските категории“, изјави Мексиканецот и продолжи:
„Како што кажа и Крафорд, ако го победи Џервонта Дејвис, никој не би ја ценел победата. Сите ќе кажат: „Премал е“. Мислам дека сум во иста позиција кога зборуваме за мечот меѓу мене и Крафорд“.