Канело: Мејведер треба да се врати, за да се бори со мене

ВБЦ и ВБА шампионот во средна категорија Канело Алварез има желба повторно да се сретне со сега пензионираниот Флојд Мејведер.

Единствениот пораз Канело го претрпе токму од него на 14 септември 2013. Средбата траеше 12 рунди и се одржа во Лас Вегас.

Мејведер се повлече од боксот во август минатата година откако ја прекина двегодишната пауза, за да забележи победа над УФЦ суперѕвездата Конор Мек Грегор.

Во моментов Мејведер размислува за своето враќање – за реванш со Мани Пакијао, кого Флојд го победи во мај 2015 година. Мејведер исто така ги загрева фановите со гласините дека може да се впушти во бокс дуел и против УФЦ шампионот во лесна категорија, Хбаиб Нурмагомедов.

Ако Мејведер е сериозен за враќањето, Канело вели дека навистина треба да го направи – во најмала рака, за да се сретне со него во реванш меч.

„Видете, тоа би било нешто што би ме израдувало. Ако сака да се врати и се уште е мотивиран, треба да го направи тоа. Да дејствува и да ми даде шанса да застанам против него за реванш, за да покажеме кој е подобар“.

Канело верува дека во 2013-тата немал доволно искуство за да го совлада, но овој пат работите би требало да бидат поинаквни.

„Во нашата прва средба ме победи со искуство – тогаш бев млад. Нема што друго да кажам – неверојатен боксер е, а тогаш имаше повеќе искуство. Би се радувал ако имам можност да се докажам во оваа фаза од неговата кариера. Мислам дека работите ќе бидат поинакви и ако има желба да се врати, со задоволство би се исправил на реванш  меч против него. Да и покажеме на луѓето кој е најдобар во реалноста“.

Категоријата сигурно ќе биде проблем. Мејведер никогаш не се борел во категоријата во која настапува Канело во моментов и кој  има желба да се соочи со ВБА шампионот во суперсредна категорија Роки Филдинг на 15 септември во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON