Големата ѕвезда во професионалниот ринг и еден од најпосакуваните ривали поради парите што може да ги донесе Канело Алварез за следен противник ќе избира меѓу Џо Смит и Артур Бетербиев. Ова го соопшти менаџерот Боб Арум.
Според легендата, актуелниот светски шампион ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО во суперсредна категорија ќе се откаже од идејата да боксира со Илунга Макаби, кој ја носи титулата на ВБЦ во полутешка категорија. Африканецот треба да го брани појасот на 29 јануари против Табисо Мачуну.
Арум ја потврди идејата на Канело по победата на Џо Смит Јуниор над Стив Џефрард. Шампионот успешно ја одбрани титулата на ВБО во полутешка категорија.
„Канело изрази интерес за два меча кои можеби ќе ги одржи напролет. Едниот е со Џо Смит, другиот со Бетербиев. Со задоволство во мај би организирале ваков настан. Може да избере сам затоа што е во таква позиција. Кој и да е противникот, битката ќе биде голема“, изјави Арум.
Бетербиев, како и Џо Смит Јуниор, е и светски шампион во полутешка категорија. Ги држи појасите ВБЦ и ИБФ. За Канело нема да биде проблем да се пресели во оваа категорија, со оглед на тоа што до неодамна се сметаше сигурно дека ќе боксира во полутешка категорија.