Долго очекуваната средба меѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин ќе се одржи во Лас Вегас на мексиканскиот ден на независноста, тоа официјално беше објавено денес.
Судирот за светските титули во средна категорија беше потврден уште минатиот месец и ќе се одржи на 16 септември во Т-Мобиле арената во Лас Вегас. Тогаш ГГГ ќе ги брани титулите во ИБФ, ВБА и ВБЦ, Алварез титулата на списанието „Ринг“.
„Возбуден сум да се вратам во Т-Мобиле арената и да и ја пружам најдобрата битка на навивачите која може да се направи во нашиот спорт денес“, изјави Канело.
„Постојано велев дека не се плашам од никого и сега ќе го докажам тоа кога ќе излезам на рингот против Генади. Со последниот удар на гонгот, сите ќе разберат дека тоа навистина е ерата на Канело и дека јас сум најдобар боксер на планетата“.
Алварез ќе се сретне со страотниот Казахстанец, кој до сега има изгубено само еднаш во професионалната кариера, и тоа од Флојд Мејведер во 2013 година.
Тренерот на Головкин, Абел Санчез, за Скај спортс минатата недела изјави дека постојат повеќе планови за да се победи мексиканската ѕвезда.
Головкин додаде: „Овој меч ќе биде на исклучително шампионско ниво и на навивачите ќе им прикажеме возбудлива борба“.
Средабата е меѓу двајцата најпознати експлозивни борци во сите категории на денешницата. Во заедничкиите 88, 67 од нив завршиле предвреме.
Канело Алварез во оваа битка влегува со професионален рекорд од 49-1-1 (34 КО), додека Головкин е со единствен рекорд од 37-0 (33 КО).