Шампионот во средна категорија на ВБЦ, ВБА и списанието „Ринг“ Сол Алварез – Канело (50-1-2, 34 КО) се соочи со следниот противник во рингот – Даниел Џејкобс (35-2, 29 КО) пред долгоочекуваниот судир на 4 мај во „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас.
Џејкобс е носител на појасот на ИБФ, а исто така и тој ќе биде заложен и тоа ја прави битката толку гламурозна. Мексиканската суперѕвезда ќе се симне во категорија до 72.5 кг, откако во декември минатата година се искачи во суперсредна за да го нокаутира во третата рунда Рики Филдинг за „регуларната“ титула на ВБА.