Сол Алварез-Канело објасни дека психата е едно од најважните оружја на него и на сите мексикански борци. Тој и сонародниците не се предаваат лесно во рингот.
Црвениот светски шампион ќе го прослави „Синко де Мајо“ со борба против Били Џо Сандерс на 8 мај. Вклучени се сите појаси во супер перо категорија.
„Психата е таа што ги издвојува мексиканските боксери од останатите“, изјави Канело за ЕСПН.
„Никогаш не се предаваме до самиот крај. Стилот на Мексико не е да се оди на размена – да се удира и да се удира, да се падне во нокдаун и да станеш. Знаеме како совршено да се движиме и да не бидеме погодени. Секој од нас има свои манири, се разбира, но тоа е нашиот белег“.
Многумина го поврзуваат „мексиканскиот стил“ со агресија и постојан напад, но за Канело тоа не е случај.
Шампионот претпочита да го искористи времето за движење, одбрана и да избере совршен момент за брза комбинација.