Канело: Би се обидел да ги обединам појасите во полутешка категорија

Апсолутниот светски шампион во суперсредна категорија – Сoл Алварез-Канело е подготвен да освои уште една категорија. Мексиканецот на 7 мај во Лас Вегас ќе се соочи со носителот на титулата во полутешка категорија на ВБА, Дмитри Бивол.

По оваа битка, тој размислува да ги состави преостанатите појаси.

„Се надевам дека ќе останам долго во боксот, бидејќи многу ќе ми недостига кога ќе се откажам. Претпоставувам дека имам уште 5, 6 или 7 години, не знам“, изјави Канело.

„Го сакам боксот. Сакам предизвици и адреналин. Јас сум тука и го сакам тоа што го работам. Еден ден ќе бидам во книгите. Кога го видовте најдобриот борец како оди горе-долу по категориите за да ги победи сите шампиони?

Мислам дека многу луѓе не го постигнаа тоа што го работам. Бивол е добар боксер. Тој е солиден шампион во полутешка категорија. Битката е опасна и ми се допаѓа. Сакам вакви предизвици. Верувам во моите способности – и јас сум силен. Сигурен сум во себе. Кој знае, може со време да бидам обединувачки шампион во оваа дивизија. Ми се допаѓа идејата“, заклучи Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON