Светскиот шампион во четири тежински категории и апсолутен шампион во суперсредна (до 76,2 кг) Сoл Алварез (58-2-2, 39 КО) изјави дека може секој противник да го нокаутира.
На 7 мај во Мексико, Алварез ќе ги брани сите четири титули во супер средна категорија против британскиот боксер Џон Рајдер (32-5, 18 КО).
„Можам ли да нокаутирам некого ако го удрам добро? Да, сите. Сите ќе паднат, без сомнение. Може ли да го нокаутирам Дејвид Бенавидез? Дали го знаете значењето на зборот „сите“?
Можам да го направам тоа со секого“, изјави Алварез за Бокс сцена.
Канело има 58 победи во рингот, од кои 39 со нокаут.