Голфот е најновата страст на Сoл „Канело“ Алварез. Апсолутниот шампион во суперсредна категорија (до 76,2 килограми) изјави дека по завршувањето на боксерската кариера би сакал да се испроба и во професионалниот голф.
„Ова е најтешкиот натпревар. Голфот ми е потежок од боксот. Со бокс се занимавам од дете и ми е лесно. Во голфот, потешко е да се биде на постојано ниво. Еден истрел може да биде одличен, следниот може да биде страшен. Еден натпревар е одличен, следниот ден е страшно. Мала промена во начинот на кој погодувате може да направи огромна разлика“, објасни Сoл за Дејли Меjл.