Се чини дека мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез (61–2–2, 39 КО) го избра следниот противник, кој треба да биде непоразениот Вилијам Скул.
Кубанецот (22-0, 9 КО) е задолжителен предизвикувач за појасот на ИБФ во суперсредна категорија.
Имено, оваа информација на Инстаграм ја објави промотерската компанија на Скали АГОН спортс:
„ИБФ нареди меч меѓу Скул и Канело: АГОН спортс и ТГБ постигнаа договор“.
Канела беше поврзуван со многу потенцијални противници по триумфот во мај против Хаиме Мунгуија, вклучувајќи ги Дејвид Бенавидез и Теренс Крафорд.
Навивачите сигурно нема да бидат воодушевени од таа борба, бидејќи сакаат да го видат Канело против Бенавидез, кој минатиот викенд дебитираше во полутешка категорија и го победи поранешниот светски шампион Александар Гвоздик.
View this post on Instagram