Мексиканскиот боксер Сoл Алварез со благороден гест. Неколку дена откако стана апсолутен светски шампион во суперсредна категорија во професионален бокс, по нокаутот во 11. рунда над американecот Кaлеб Плант, Канело пушти срце за децата на кои им е потребна помош.
Боксерот донираше 1 милион мексикански пезоси, што е еквивалентно на речиси 49.000 американски долари, на добротворната фондација Нариз Роха за да им помогне на децата болни од рак.
Веста ја објави Мексиканската асоцијација на Твитер.
„Му благодариме на Канело што го отвори шампионскоти срце за сите оние кои се борат со ракот. Создадовте вистинско чудо за многу деца и жени! Ти си шампион во рингот, но и во животот!“, напишаа од фондацијата.
Не случајно фондацијата го нарече боксерот „шампион во животот“, бидејќи така се вика организацијата „Asociaci n Campeones de la vida“ (Здружение на животни шампиони). Нејзината работа е да организира настани и да собира средства за да им помогне на децата, адолесцентите и жените кои се борат со ракот.