Во борбата за номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат на САД претприемачот Ендрју Јанг реагираше за ниските хонорари на борците во УФЦ и го обвини Дана Вајт за алчност, а медиумите – за содејствување.
„Борците во ММА добиваат едвај 10-15 проценти од приходите, додека во останатите спортови соодносот е 50-50. Сметам дека треба да го променам тоа. Дана Вајт треба да престане да се фали со заработки“, напиша Јанг, а се обиде да го навлече на дискусија и еден од водечките во ЕСПН, каде што се емитуваат средбите на УФЦ, но без успех. Всушност хонорарите на борците не се високи. На прв поглед заработувачките изгледаат високи, но имајќи предвид колку натпревари годишно има еден борец сосема не е така.
MMA fighters in the UFC receive only 10-15% of revenues vs. ~50% in other sports. I would apply the Ali Act to MMA and allow fighters to unionize. Firing @LeslieSmith_GF when her opponent didn’t make weight was clearly retaliatory. @danawhite should stop boasting about revenue.
— Andrew Yang🧢⬆️🇺🇸 (@AndrewYang) March 10, 2019
Не е случајно што Јанг се насочува кон ММА и УФЦ. Тој доби на популарност само откако се приклучи на подкаст на коментаторот на ММА Џо Роган – „Џо Роган Експириенс“.
Во тоа време, Јанг имал само околу 8.000 донатори. Но, по појавата во подкаст направи бум на Гугл во пребарувањата на неговото име. Така, за еден месец Јанг собра донации во вредност од 570.000 долари.