Камару Усман сака шампионска борба против победникот на УФЦ 322

Легендата на УФЦ, Камару Усман, ја повтори својата желба во следната борба да се бори за шампионската титула во велтер категорија.
Во главната борба на УФЦ 322 Џек Дела Мадалена ќе ја брани шампионската титула во велтер категорија против Ислам Махачев во блокбастер пресметка во Медисон сквер гарден. Целата дивизија ќе следи внимателно како ќе се одвиваат работите, а тоа секако важи и за Камару Усман, поранешниот крал на велтер категоријата.
Во последната борба, Камару Усман ја прекина серијата од три порази победувајќи го Хоакин Бакли во настап кој јасно покажа дека тој е сè уште легитимен предизвикувач до 77 килограми. Секако, има многу борци пред него во редоследот, па многумина се прашуваат кој пат ќе го изберево неговата УФЦ кариера.
Во неодамнешно интервју, Камару Усман побара борба против победникот од главната борба на УФЦ 322, без оглед на тоа кој ќе го освои појасот.



