Камару Усман сака да ги освои титулите во две категории: Па, не можам туку така да заминам

Камару Усман ќе остави длабока трага во УФЦ. Со години доминираше во полусредната категорија, а дури пет пати го бранеше шампионскиот појас.

Во август минатата година со нокаут во петтата рунда ја загуби титулата против Леон Едвардс, а Англичанецот беше подобар и во реваншот во март, кога со мнозинска одлука го совлада Камару.

Од тие два порази се насетува дека 36-годишниот Усман полека ја губи енергијата и можеби е време да им го препушти октагонот на помладите борци.

Но, Камару Усман се враќа да се бори следниот викенд против Хамзат Чимаев. Имено, Нигериецот влезе како замена за Пауло Коста кој го откажа настапот поради повреда на лактот.

Нивната борба на настанот УФЦ 294 во Абу Даби беше договорена во средна категорија, но не ја исклучи можноста да се врати во полусредна категорија.

„Не сум завршил со полусредна категорија, па не можам туку така да си заминам. Ќе го освојам појасот во средна категорија, а потоа ќе се вратам во полусредна категорија и таму повторно ќе ја освојам титулата“, изјави Камару Усман и додаде:

„Така ќе заминам! Ги сакам двата појаси, отсекогаш сум сакал да бидам двоен шампион. Ќе го освојам појасот во потешката категорија, а потоа ќе се вратам за појасот од полесната дивизија. Никој досега не го направил тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON