Камару Усман сака да ја види легендата Ник Дијаз назад во кафезот. Минатиот викенд во Лас Вегас видовме како се враќа Дијаз. Влезе во кафезот за прв пат по повеќе од 6 години и се натпреваруваше со Роби Лоулер. 38-годишниот ветеран изгледаше многу бавно и загуби со нокаут во 3-та рунда.
Ник претрпе голема штета од Лоулер и одби да ја продолжи борбата откако Роби го собори. Така, Ник загуби 3-ти пат по ред и нема победа во последните 4 битки. Неговата последна победа беше во 2011 година со одлука над Би Џеј Пен.
Пред борбата со Лоулер Ник рече дека треба да се бори со Усман за титулата, а не со Лоулер. Тогаш Дана Вајт рече дека само идиот ќе организира борба меѓу Усман и Дијаз.
Многу луѓе мислат дека Ник треба да се повлече од ММА и повеќе да не влегува во кафезот. Сепак, Усман не е еден од нив и сподели на социјалните мрежи дека сака Ник да се врати во октагонот.
Еден ММА фан напиша дека Доналд Цероне би бил добра борба за Дијаз, а Усман ја сподели објавата.