Камару Усман е подготвен да се бори со легендарниот Жорж Сент Пјер. Минатиов викенд Усман го нокаутира Жилберт Барнс и ја забележа 13-та последователна победа во полусредна категорија. Со ова искусниот шампион го подобри скорот на Сент Пјер, кој има 12 последователни победи во дивизијата.
Пред неколку години Жорж објави дека се повлекува од ММА бидејќи УФЦ не му даде борба со Хабиб Нурмагомедов. Сент Пјер е подготвен да се врати во борба, но само за битка со Нурмагомедов.
Сепак, Усман продолжува да импресионира и нема да го одбие Сент Пјер. Камару би можел да стане најголем во историјата на оваа категорија, и, ако Сент Пјер реши да се врати, Усман е подготвен за него.
„Ако Свент Пјер сака да се врати, нека дојде. Нема проблем ако не го сака тоа. Ја почитувам неговата одлука да се повлече, затоа што тој постигна сè. Жорж нема причина да се врати. Не сакам да кажам дека сакам голема битка и ова или она. Сакам да се борам со него, но не и за парите. Јас сум натпреварувач.
Сакам да се борам со него затоа што Сент Пјер се повлече на врвот. Гледам како тренира и сè уште може да се бори. Секако, тој може да ги прескокне сите нив и да се бори со мене за титулата. Го сакам Сент Пјер. Тој е моја инспирација и го следев. Но, сега сум различно животно.
Мислам дека е најдобар. Сент Пјер е мајстор за удар, но видовте што направив јас со мојот удар во борба со Барнс“, рече Усман.