Калум Смит пука од самодоверба: Ќе го нокаутирам Бетербиев

Одличниот дагестански боксер Артур Бетербиев ќе се врати во рингот на 19 август кога против Англичанецот Калум Смит ќе го брани појасот светски шампион во полутешка категорија на ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Бетербиев сите 19 меча во професионалната кариера ги доби со нокаут, па затоа поранешниот шампион во суперсредна категорија е особено мотивиран.

Во својот последен меч во јануари, непоразениот Дагестанец со прекин во осмата рунда го совлада Ентони Јард.

А Смит по единствениот пораз во кариерата во декември 2020 година од Канело Алварез се пресели во повисока категорија и со нокаут ги победи Ленин Кастиљо и Матје Баудерлик.

Англичанецот верува дека може да ја продолжи таа серија против дагестанскиот нокаутер.

„Силен сум и верувам дека ќе го нокаутирам Бетербиев. Ќе биде тешка борба. Но, видов како другите го повредуваат, па можам и јас“, вели Калум Смит и додава:

„Имам елабориран план за подготовка и ќе бидам подготвен за најтешките 12 рунди во кариерата. Верувам дека можам да го победам и да му ги земам трите појаси. Сакам да бидам шампион во две категории. Работев напорно за да добијам шанса и имам намера да ја искористам“.

https://twitter.com/8Xbet/status/1663862892163391499?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1663862892163391499%7Ctwgr%5E7624fd1e5cba2dd8d4268f8956d38a4c600461dd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fboks%2Fcallum-smith-puca-od-samopouzdanja-nokautirat-cu-beterbieva%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON