Светскиот шампион во супер средна категорија ИБФ, Калеб Плант, направи интересна исповед за својот следен противник, Сол Алварез.
Тие ќе се соочат за обединување на четирите светски титули на 76 килограми на 6 ноември во Лас Вегас. Иако многумина го отпишаа Американецот и предвидуваа лесна победа на мексиканската суперѕвезда, Калеб уште еднаш го сподели своето верување дека ќе стане првиот неприкосновен светски шампион во оваа категорија.
„Половина од тренинг кампот е зад нас, само тоа останува“, изјави 29-годишниот шампион.
„Важно е да се подготвиме што е можно посмирено и да не размислуваме за споредни работи. Немам проблеми со тежината, така што засега се е во ред.
Верувам дека има неколку работи во кои сум подобар од Канело. Но, додека не го демонстрирам, ништо од тоа не е важно. И без тоа, луѓето нема да ми веруваат. Повеќе сакам да покажам отколку да зборувам.
Сите 21 меч беа на високо или многу високо ниво, така што го стекнав потребното искуство за да се справам со тоа“, додаде шампионот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).