Артур Бетербиев (13-0, 13 КО) доби нов противник за втората одбрана светската титула на ИБФ во полутешка категорија.
Наместо Швеѓанецот Свен Форнлинг, 34-годишниот Русин во Стоктон ќе се бори против Радивојe Калајџиќ (24-1, 17 КО).
27-годишниот српски боксер роден во Босна и Херцеговина единствениот пораз го доживеа со контроверзна одлука на судиите од Маркус Браун (23-0, 16 КО), кој во последната борбаго победи Баду Џек и ја освои привремената титулата на ВБА.
Калајџиќ во мечот со 8 рунди го соборуваше Американецот во шестата рунда.
По таа борба заради повреда ја пропушти 2017 година, за минатата година да забележи три нокаути против послаби противници.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=whZE4sTbvLs
.