Каков „хајлајт“: Сите ММА нокаути на Кро Кап (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ неговата последна борба ја одработи на 31 декември 2016 година за Големата награда на Ризин во легендарната токиска сала Саитама супер арена. Со нокаут во првата рунда го совлада Амир Алиакбари со што го освои овој силен турнир на кој меѓу другите ги совлада и Хјун Ман Мјунг, Мухамед Лоуел – Кинг Мо и баруто Каито.

Кро Кап по славењето на Ризин одлучи да се опрости со активна борбечка кариера, иако остави можност за проштален меч со Федор Емилијаненко. Сеопрости нанајдобриот можен начин, со победничка низа од седум натпревари,што во исто време е, по периодот меѓу 2004 и 2005 година, и најдолгата серија на победи откако ја започна професионалната ММА кариера. Ретко кој професионален борец, без оглед на тоа со кој боречки спорт се занимава, ја има привилегијата да се повлече во моментот кога победува.

Со оглед на тоа што од последниот настап на Кро Кап помина речиси една година, очигледно на многубројните навивачи и недостасува легендарниот борец. Па Јутјуб каналот „LiamTheExpert“ неодамна објави страшен „хајлајт“ видео  од сите нокаути на Флиповиќ во ММА кариерата – вкупно 26! Не мора посебно да истакнуваме дека видеото брзо стана хит.

Уживајте во сеќавањето на одличната кариера на хрватскиот нокаутер!

https://youtu.be/U6tad4pgrbI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО