Како испотената убавица стана УФЦ ѕвезда без ниту еден удар (ФОТО)

Честопати, улогата на девојките кои ги покажуваат таблите за најава на рундите во УФЦ не се цени, нивната работа не се смета за многу важна и тешка, а имињата на хероините ретко им се познати на љубителите на боречиот спорт. Сепак, ова дефинитивно не е случај со Бритни Палмер. Оваа симпатична девојка е една од врвните и најпопуларните октагон-девојки веќе 15 години, а денес е невозможно да се замисли компанијата на Дана Вајт без убавината на Бритни.

https://www.instagram.com/p/B7fHVRMpxgr/?utm_source=ig_embed

Бритни Палмер е родена на 24 јуни 1987 година во Сан Диего, а по само неколку години нејзиното семејство се преселило да живее во Лас Вегас, што на крајот и ја предодредило судбината на девојчето. Во градот на гревот, Бритни расте и го одбира својот пат. За среќа на младата дама, со вакви природни прпорции и без комплекси, воопшто не е тешко да се пробие во светската престолнина на забавата.

https://www.instagram.com/p/B5GeAd4JURC/?utm_source=ig_embed

Палмер започнува како стриптизерка и асистент во шоу за магии. Оттаму ја покануваат да стане бурлеска танчерка во познатиот хотел Фламинго. Но, Палмер тану не останува долго. Нејзините агенти и пронајдоа работа во тогашната проширена организација WEC (World Extreme Cagefighting), која во тоа време имаше такви борци како Жозе Алдо, Доминик Круз, Доналд Черон и многу други.

https://www.instagram.com/p/B-94XFkJLMR/?utm_source=ig_embed

Во 2006 година, УФЦ ја апсорбира WEC, а со тоа и убавицата Бритни Палмер стана дел од најголемата ММА организација.

Заедно со Аријана Селеста, Бритни Палмер е сè уште една од најискусните и почитувани девојки во октагонот. И, навистина е тешко да се замисли најдобрата лига на светот без нив.

Палмер не е само спектакуларна девојка со експресивни очи и зачудувачка фигура, туку и повеќестрана личност. На 21 година е тешко повредена во сообраќајна несреќа што ја спречува да чекори неколку месеци. Сепак, ужасниот инцидент не и го расипува појавувањето на кервкото девојче, туку, напротив, и го дава главното хоби во животот. Повеќе од 10 години, Бритни Палмер го слика и го прави тоа на многу солидно ниво. Таа дури прави самостојна изложба, а херои во нејзините слики се многу познати борци. Освен тоа, ѕвездата на УФЦ повеќе пати има фотосесии за Плејбој.

https://www.instagram.com/p/Bj8Fh8YFLFb/?utm_source=ig_embed

Во 2015 година, повторно се случи нешто страшно се случи во животот на Палмер. Нејзиниот сопруг Арон Залевски, кој е љубоморен на нејзиниот менаџер, ја напаѓа во нивниот дом. За среќа, Бритни успева да избега од канџите на нејзиниот лут сопруг и да и каже на полицијата за него. Оттогаш, проблемите се само за него, а мирот и спокојството се воспоставуваат во животот на Палмер. Несомнено, нејзината работа го смири нејзиниот карактер – сепак, веќе 15 години, таа гледа од најдобрите места како најопасните луѓе на планетата се претепуваат во кафезот …

https://www.instagram.com/p/Bt1DSJdgfWV/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON