Двајца од најголемите ривали во борењето, Кајл Снајдер и Абдулрашид Садулаев, покажаа нешто што ретко се гледа во спортот. Тие двајца се големи ривали на душекот, но надвор од него очигледно станаа големи пријатели.
Снајдер одлета за Русија, каде што Садулаев го запозна и ќе го однесе во посета на Дагестан. Годинава двајцата двапати се натпреваруваа на душекот. Во двата меча Садулаев победи. Во август, Абдулрашид го победи Снајдер со 6-3 и освои златен медал на Олимпијадата.
Во октомври Садулаев повторно го победи Кајл и ја освои светската титула во Осло. Садулаев има 3 победи и 1 пораз на средбите со Снајдер. Аварскиот тенк има скор 143-2 во борење и во моментов се смета за најдобар активен борец во светот.
Тој е двократен олимписки златен медалист, петкратен светски шампион и четирикратен европски шампион.
„Добре дојдовте во Русија, Кајл! Дагестан долго го чекаше вашето пристигнување. Подгответе се да ја почувствувате убавината на кавкаското гостопримство!“, напиша Садулаев за гостувањето на противникот.