Каин Веласкез со прва изјава по апсењето

Каин Веласкез го прекина молкот.

Тој беше уапсен во февруари за обид за убиство, откако пукал врз маж кој малтретирал млад роднина на Веласкез. Сепак, поранешниот борец на УФЦ не ја погоди вистинската личност, туку го рани татко му.

Мексиканецот го одби правото на кауција и моментално го чека својот случај, но во меѓувреме на социјалните мрежи објави порака до своите поддржувачи.

„До сите оние кои ми ја изразија својата поддршка – моето семејство и јас никогаш нема да можеме соодветно да ви се заблагодариме. Од дното на нашите срца и души, ние сме ви благодарни засекогаш. Вашата поддршка и убавите зборови ми дадоа сила дури и во моите најтемни денови Оваа приказна е доста комплицирана и постепено се развива.

И на вистинските жртви на овој случај – Господ да ви даде сила да продолжите. Иако е исклучително тешко да ја надминете болката што ве снашла, кога ќе се открие вистината, правдата ќе победи и вашето заздравување ќе започне. Никогаш нема да престанам да помагам и да ги сакам моите најблиски и сите вас. Ви благодариме за поддршката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON