Каин Веласкез ќе има реванш меч со Фабрицио Вердум!

verdum velaskez 1

Шампионот во тешката категорија на УФЦ, Фабрицио Вердум рече дека Каин Веласкез заслужува реванш и изгледа бил во право. 

Првата одбрана на титулата на Вердум ќе биде против човекот од кого му ја зема, Веласкез.

Веста беше соопштена од претседателот на организацијата, Дана Вајт, но се уште не е позната датата на средбата.

Вердум шокираше многу луѓе, кога го победи поранешниот шампион во Мексико Сити на УФЦ 188, завршувајќи го со гилотина. Веласкез изјави дека немал време за аклиматизација на надморската висина и тоа влијаело на неговата издржливост. Ќе видиме сега како ќе се одвиваат работите на друга локација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON