Шампионот во тешката категорија на УФЦ, Каин Веласкез, имаше интервју во кое зборува за претстојниот дуел против Фабрици Вердум и за ирскиот брборко.
Но, не за Конор Мек Грегор, туку за боксерот во тешка категорија Тајсон Фури, кој неодамна го предизвика Мексиканецот.
„Нема што да правам во моментов. Јас сум во овој спорт, тој е во оној спорт. Тој многу зборува, но треба да влезе во ММА и да си отвори пат до врвот. Според мене, тој нема шанси, но ако продолжи да зборува, подобро е да зборовите да си ги потврди со активности“.