Масао Кагава доаѓа во Охрид како претседател на Техничкиот комитет на ВКФ, кој во суштина ја брка целата работа за каратето да стане од Олимписките игри 2020 година во Токио, Јапонија. Тој ќе го промовира каратето како олимпсики спорт во неговата земја во 2020 година, при што е вклучена и јапонската Влада и парламентарната група во јапонското Собрание.
Тој е кумите тренер на националната Јапонска карате федерација членка на ВКФ, шихан на Јапонската карате шото федерација и носител на мајсторски појас 8 дан. Кагава е поранешен светски првак и во кати и во кумите. Карате познавачите го сметаат за еден од најкомплетните тренери во спортското карате (ВКФ), кој активно е вклучен карате спортот да биде сел од Олимписките игри 2020 година во Токио.
Посебно ги подготвува кумите репрезентативците, а неговиот ката тим во 2012 година на Светското првенство во Франција го освои златниот медал, а минатата година на шампионатот во Бремен, Германија, се врати на врвот на светското карате по бројот на освоени медали.
На 16-от карате кампот „Охрид интернационал“-2015 во Охрид, од 27 јули до 1 август и од 1-6 август, во хотелот „Орце Николов“, на семинарот ќе се работат техники, кати и натпреварувачки кати,како и кумите техники и ВКФ кумите. Кагава ќе го покаже и прочуениот удар „шкорпион“.
ipon.mk./В.Д.