Каевски – Тупурковски: АМС и МОК ќе ги јакнат капацитетите на спортските работници

Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска се сретна со претседателот на Македонскиот олимписки комитет д-р Васил Тупурковски и генарлниот секретар Сашо Поповски.

Договорена е соработка за организирање на обуки и работилници за спортските работници. Трансферот на знаење кај тренерите и стручните кадри е од особено значење. Претставниците на Македонскиот олимписки комитет истакнаа дека се залагаат за продлабочување на соработката со АМС.
На работната средба се разговараше и за подготовката на македонските спортисти за Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во февруари, 2018-та, во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON