Каел Сонен: УФЦ подготвува пресметка меѓу Андерсон Силва и Федор Емилијаненко

Silva Emilijanenko

Каел Сонен е познат по тоа што од време на време кажува по некои работи кои можеби не се вредни за одбележување.

Во последниот епизода на своето предавање, поранешниот борец го интервјуираше Френк Мир. Темата беше за борците кои повторно се враќаат во рингот, а Сонен пушти вистинска бомба.

Тој му рече на Мир дека УФЦ во моментов се обидуваат да средат дуел меѓу Андерсон Силва и Федор Емилијаненко.

„Зборувајќи за борци, кои ја продолжуваат кариерата … Федор е човекот. УФЦ ќе потпише договор со него, нели?

Значи може и да сте слушнале за ова. Не можам да го потврдам, но во моментов тоа се случува. УФЦ се обидува да организираат дуел меѓу Федор Емилијаненко против – подготвен ли си за ова? – Андресон Силва во полутешката категорија“.

Дали тоа ќе биде најголемиот дуел во историјата на ММА? Или и двајцата борци се далеку од топ формата во која беа?

Оставаме сами да процените дали да му верувате на Сонен, бидејќи од УФЦ се уште ништо не кажуваат.

Но, ако се случи овој меч… тоа ќе биде вистинска лудница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON