Поранешниот шампион во полутешката категорија на УФЦ, Тито Ортиз ја заврши кариерата со меч на Белатор 170, победувајќи го Каел Сонен.
Единствениот начин повторно да го видиме „Хантингтон бич бед бој“ во кафезот е ако му биде дадена можност да се пресмета со Федор Емилијаненко, како што рече самиот тој.
За време на средбата, сепак, имаше неколку контроверзни моменти, а се придодаде уште еден – Сонен изјави дека Тито се предал усно, кога беше приклешетен. Сепак, Ортиз успеа да се извлече и да го заклучи и победи Сонен.
„Видете, Тито се предаде во овој дуел. Знам точно кога се предаде. Го слушнав како вели ќе се предадам, и не реков ниту збор, ниту на Тито за време не пресконференцијата, ниту на вас. Не реков ништо, бидејќи кога ќе загубиш, едноставно го примаш поразот. Реално, предавањето не се брои, ако судијата не го објави, па може да се претпостави дека Тито не се предал. Но мислам дека тој се предаде и тогаш го ослободив од зафатот. Се предаде усно, а јас потоа не реков ништо, бидејќи и така ја прекине кариерата. Нема како да направиме реванш. Нема смисла да ја раскажувам вистинска приказна.
Тоа е лесна работа за мене. Можам да го победам за помалку од две минути. Ќе биде сосема поинаква битка. Чудно е како можам да го кажувам тоа, ако истиот тој ме победил. Но, вистината е дека тој беше поразен“.
Одговорот на Ортиз беше секавичен на социјалната мрежа Твитер, каде што го нарече Сонен „кучка“, а судијата на средбата, Џон МекАрти беше малку исцрпен:
„Каел можеби бил на друга фреквенција, за разлика од останатиот свет. Тито не рекол ништо“.