„Реално гледано, од емоционална гледна точка, Мек Грегор е руина. Просто, го претепаа. Беше се едно, како да го гледаме Мајк Тајсон како паѓа од Ивандер Холифилд и сите минати и идни противници. Но кога ќе се опнеш на силеџија, силеџија обично губи. Конор има навика да се преставува како таков. Ова, се разбира, е од психичка гледна точка.
Физички гледано, сепак, беше многу добра средба. Мек Грегор се послужи со некои фантастични комбинации. Проблемот беше во тоа што Нејт Дијаз се покажа премногу голем. Кога Конор удираше, Дијаз не отстапи. А кога Мек Грегор се умори, почна да прима удари. Ги оставаме на страна уривањето и задушувањето. Станува збор за замор, кој го фати Мек Грегор и премногу брзо се истроши“.
Така ја анализира битката меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз, која се одржа овој викенд на УФЦ 196, докажаниот гладијатор од УФЦ, Каел Сонен.