Каел Сонен: Ако Ронда се откаже од ММА, тоа ќе биде крај и на актерската кариера

ronda-vo-pridruzba

Многу луѓе сметаат дека Ронда Русеј може да започне постојана филмска кариера, ако таа одлучи да се повлече од ММА. Нешто што изгледа веројатно по нејзиниот пораз од Аманда Нуњеш на УФЦ 207.

Поранешниот борец на УФЦ, Каел Сонен, сепак, мисли така. Тој смета дека ако Ронда го напушти УФЦ, тогаш тоа ќе биде крај и на нејзината филмска кариера. Едноставно, поради тоа што не станува за актер. Според Сонен, досега Ронда ги добивала улогите во филмовите затоа што била лице на женското ММА.

„И посакувам се најдобро на Ронда, но да бидеме реални. Сите нешта се поврзани. Девојката не е актер, ниту пак би требало да е така – таа не тренира за тоа. Таа ги добиваше сите овие можности бидејќи беше многу популарна. Тоа е кула од карти. Ако еден падне, сите други паѓаат“.

Досега Ронда Русеј играла во „Придружба“, „Непобедливите“ и „Брзи и бесни“. Таа има и неколку проекти кои се поставени за неа во иднина.

Според Сонен, наскоро Ронда Русеј едвај би ќе добила шанса да се бори за титулата.

„Дали таа е иден конкурент за појасот? Не, тие денови се одамна се поминати. Но таа се уште може да биде во Топ 10 и да се тестира каде точно се наоѓа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON