Кадетската репрезентација на Македонија во борење слободен стил од 23 до 30 јули ќе учествува на Европското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.
За нашата репрезентација ќе настапат: Аид Салихаси (46 кг), Земри Авдили (50 кг), Мартин Стојанов (54 кг), Давид Мишев (58 кг), Орхан Џафери (63 кг), Бајрам Хајдари (76 кг) и Кадир Камбери (85 кг).
На ЕП нема да патува Рамазан Гаџиханов од Вардар, на што овој клуб предупредуваше дека се прави истата грешка како и со Владимир Егоров на ЕП У-23. Од клубот сметаат дека Гаџиханов е најподготвениот македонски борач кој може да се вмеша во борбта за медал.
Според заменик претседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, Гаџиханов три години никаде не се борел, а и на Државното првенство не го освоил првото место.
Ipon.mk/В.Д.