Јувентус му подари персонализиран дрес на Мајк Тајсон

Поранешниот американски боксер Мајк Тајсон го облече дресот на Јувентус 2023-2024 додека снимаше во Торино.

Фотографијата Јувентус ја објави на својот официјален Инстаграм профил и таа веднаш доби илјадници лајкови и коментари. „Тренингот на Јуве ќе стане многу потежок“, беше описот на фотографијата на „бјанконерите“. Патеките на Тајсон се вкрстија со Јувентус бидејќи поранешниот американски боксер е во Торино за да го снима акцискиот филм „Бани мен“.

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Патрис Евра, меѓу првите на шега ја искоментира необичната фотографија на Инстаграм, пишувајќи: „Ќелини и јас на тренинг“. Да потсетиме дека првата титула на Тајсон во тешка категорија беше појасот на ВБЦ, кој го освои во 1986 година, од 1987 до 1990 година ги држеше ВБА и ИБФ појасите по победите над Џејмс Смит и Тони Такер.

Од 1989 до 1990 година, Тајсон беше најдобриот боксер без разлика на категоријата, според магазинот Ринг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juventus (@juventus)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО