Јусра Адеми си го оствари сонот, а тренерот Имери очекува уште повеќе!

Jusra Ademi sama

Јусра Адеми е еден од носителите на златен медал од Балканското првенство за деца во Херцег Нови, Црна Гора. Таа во категоријата до 40 килограми за деца родени 2004 година беше убедлива против своите противнички. Muarem i Jusra BP

Адеми во првото коло беше слободна, во второто ја победи Сара Распудиќ од Босна и Херцеговина со 5-1, потоа и нејзината сонародничка Белма Ризвиќ со 3-0. Во финалето се бореше со Турчинката Нурсена Јилдиз и извојува убедлива победа од 7-0.

Нејзиниот тренер, Муарем Ибраими, вели дека таа за прва пат учествува на Балканско првенство и дека без проблеми дошла до златниот медал, затоа што добро работела и рачна и ножна техника.

– Го остварив сонот, освоив златен медал, – беше првиот коментар на младата Јусра Адеми, при што додаде:„Многу сум среќна поради постигнатиот успех, бидејќи тоа ми беше сон. Се надевам на успеси и на европски и светски првенства. Му се заблагодарувам на моето семејство, бидејќи секогаш ме подржува, како и тренерот Муарем Имери за напорната работа и на претседателката на клубот, Шкодране Дардишта, која ги обезбеди средствата за Балканското првенство“.

Јусра со карате се занимава три години и е член на КК Форца од Скопје. Досега учествувала на повеќе турнири, како во Македонија, така и во странство, односно Швајцарија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција, Албанија и Косово. Има освоено околу 100 медали, од кои повеќето се златни.Jusra i tatko i

-Чекаме уште позначајни медали од нејзе. Таа се уште е млада, но е редовна на тренинзи. Од друга страна, не радува фактот што таа е одлична и во училиштето, што значи дека на секоја работа максимално се посветува, – вели тренерот Имери.

ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON