Утре и во вторник на Боксесркиот клуб Пинк Пантер од Штип во посета ќе им пристигне претседателот на Управниот одбор на Регионалната боксерска лига Јурица Рунтиќ и Жељка Бошњаковиќ, директорката на Воцор медиа, менаџерската куќа што ќе ја застапува Лигата.
Нивната цел е да ја промовираат Регионалната лига и нашиот претставник Пинк Пантер, при што ќе одржат неколку прес-конференции и средби со спортски работници и функционери, како и со поголемите фирми во државава за евентуалното нивно вклучување во проектот.
„Во овие два дена треба да имаме средба со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и претседателот на Боксесрката федерација на Македонија, Игор Златков. Потоа и состаноци со некоклу компании од македонскиот пазар со кои ќе се отворат вратите за понатамошна соработка, како на локално ниво (Пинк Пантер) така и регионално, односно Регионалната лига, како поддршка за учеството во Лигата“, вели претседателот на БК Пинк Пантер и потпретседател на Регионалната лига, Илија Младеновски.
Во Регионалната лига ќе учествуваат седум екипи од Србија (Војводина Спартак, Лозница и Лазаревац), Хрватска (Сесвете), Босна и Херцеговина (Славија и Работник) и Македонија (Пинк Пантер). За оваа цел е основана компанијата Регионал боксинг.
По три спортови со топка (кошарка, ракомет и ватерполо), боксот е првиот на поединечен спорт кој организира заедничка лига на поранешните југословенски републики.
„Да се подигне квалитетот на боксот во земјите учеснички и националните федерации да ги соберат плодовите од резултатите во лигата. Понатаму, тенденцијата е лигата секоја година да е подобар и да стане една од најсилните во Европа, а нашите спортски сали повторно да се полни гледачи“, рече Рунтиќ во интервју за новосадскиот Дневник за придобивките од формирањето на лигата.
Тој очекува добра и успешна соработка со националните власти. А за опстојувањето на Регионалната лига вели дека е потребно да се најдат спонзори.
„Важно е да се најдат спонзори и лигата да се пробие во телевизијата и да работат со квалитет и со многу конкретни цели. Клубови се наоѓаат во тешка ситуација, не само во боксот, туку и во другите спортови. Убеден сум дека со работа, ред, дисциплина, разбирање, меѓусебно почитување и со квалитетна визија ќе дојдеме до спонзори, кои ќе се идентификуваат со се од горенаведеното. Ние сме им пазарно и географски многу интересни, како и да ги свртите работите боксот е многу атрактивен, особено ако е квалитетен. Сметам дека благородната вештина со создавањето лигата ќе добие прилика да го врати поранешниот сјај“, истакнува Рунтиќ.
Претседателот на Регионалната лига очекува со стратешкиот партнер ПР и маркетинг агенцијата Воцор проектот да го направат самоодржлив.
Се чини дека од сите земји во регионот во Хрватска има бокс на највисоко ниво, но има само еден претставник во лигата, додека Србија има три, два БиХ, Македонија еден.
„Во Хрватска има интерес за оваа лига, а од 2018 година се надеваме дека ќе влезе најмалку уште еден клуб и од мојот роден град, Сплит. Беше краток период за клубовите да одлучат да учествуваат во лигата, затоа што сето ова бара квалитетни подоготовки и финансии. Ајде да одиме чекор по чекор“, нагласува Рунтиќ во интервјуто, при што истакнува дека има заинтересирани клубови од Романија и Унгарија за учество во Регионалната лига.
Рунтиќ ја истакнува поддршката од српскиот министер за млади и спорт Вања Удовиќиќ, сио кого се знаат од ватеполото.
Подготовки во Ирска!
„На клубовите, како мој подарок, и понудив бесплатни шестдневни подготовки во Ирска, а на нив им останува да си организираат превоз. Ова не треба да биде проблем, бидејќи имате евтини летови за 40 долари повратен билет. Имам идеа уште за патување во Италија и Чешка, но не брзаме“, категоричен е Јурица.
Во првото коло, што е закажано за 4 март се среќаваат: Славија од Бања Лука – Сесвете, Лазаревац – Работник од Бијелина, Пинк Пантер – Војводина Спартак. Слободан ќе биде тимот од Лозница.
Ipon.mk/В.Д.