Јури Рибак триумфираше на Апсолутниот самбо куп во Сочи (ВИДЕО)

На 7 декември, во рускиот град Сочи, се одржа Апсолутниот самбо куп за наградите на државите на Унијата. На турнирот учествуваа 16 врвни самбисти од 14 држави кои се бореа за титулата во апсолутна категорија.

Бронзените медали и прпаднаа на трикратниот светски шампион, четирикратен европски шампион од Белорусија Андреј Казусенок и двократниот светски шампион, трикратен европски шампион од Русија, Вјачеслав Михајлин. Среброто го освои победникот на рускиот Самбо куп, победник на Меѓународниот турнир во самбо за наградата на претседателот на Татарстан, Русинот Артур Капцев. Победник на Апсолутниот самбо куп за Наградата на Државата унија е четирикратен светски шампион и петкратен европски шампион од Белорусија Јури Рибак.

Апсолутниот самбо куп беше посветен на 20-годишнината од потпишувањето на договорот за создавање на Унијата на Белорусија и Русија. Како што забележаа организаторите, главната цел на настанот е развој и популаризација на самбото. Ова е втор турнир организиран од Асоцијацијата на спортисти „Ние сме од Самбо“. Натпреварите се одржаа со поддршка на ФИАСС и Серуската самбо федерација.

Меѓу учениците на Купот беше и нашиот Аратан Рушити, и, како што се очекуваше, тој загуби во првиот меч во оваа жестока конкуренција.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=105&v=BaGEO_l7J4U&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON