На Mеѓународниот турнир „Прилеп – град херој 2016“ ЏК Миоки доби признание за најуспешна екипа кај јуниорките.
Христина Дескова (-57 кг) и Ангела Велковска (-78 кг) освоија златни медали, додека Наталија Динова (-52 кг) и Магдалена Бојаџиска (-63 кг) освоија бронзи.
Кај јуниорите, Хамза Јашари (-66 кг) освои сребро.
„Ова беше еден од контролните турнири за дел од џудистите на Миоки пред одржување на престижниот куп „Миоки опен“ на 29 октомври, на кој се очекува да настапат околу 400 џудисти од 12 држави“, вели тренерот Игор Паскоски.
Вчера на Меѓународен турнир во Краљево Никола Мајновски (-66 кг) се зкаити со сребро, додека, пак, Борјана Поп-Атанасова (+57 кг) освои бронза.
Ipon.mk/В.Д.