Јуниорите бркаат историски медал на Европското таекводно првенство во Софија

Македонската таеквондо репрезентација од утре ги почнува натреварите на Европското првенство за јуниори до 21 година во Софија – Бугарија.

Утре ќе настапи Ненад Мрчковски, во петок Иван Крстевски, Ања Русовска, Мери Ацевска, Ана Марија Георгиевска, а во сабота Костадин Георгиевски и Филип Додевски, додека во недела на татамито ќе излезе нашиот најтрофеен борец, Дејан Георгиевски.

На ова ЕП учествуваат 450 натпреварувачи од 41 држава во најсилните состави за олимпиското (ВТФ) таеквондо.

Македонската таеквондо репрезентација настапува со 8 борци – 5 момчиња и 3 девојки.

„Очекуваме од ова Европско првенство да донесеме медал, што ќе значи историја за овој олимписки спорт во Македонија, исто така и за македонскиот спорт воопшто. За ова првенство се интезивно се подготвуваме два месеца, како тактички и на базичен план“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Ова е прво ЕП што се организира во Бугарија, а ако го положат тестот се надеваат на организација на Светското првенство за сениори.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON